Ева Лонгорија (42) изгледа е цврсто решена да ја затвори устата на сите зли јазици кои ја набедија дека е бремена. Актерката се стегна и за помалку од два месеци ги врати совршените форми, откако поднесе критика и еден куп шпекулации за нејзиното тело.

Гласините дека очајната жена очекува бебе почнаа уште во април, кога таа се појави со тесен бледорозов фустан, под која ѝ се забележаа зголемените облини и стомакот.

Ева беше принудена да ги негира шпекулациите за бременост во Инстаграм велејќи дека предметниот ден каснала малку повеќе.

Сомнителниот изглед на Ева во април и сега.

На фестивалот во Кан со супермоделот Ирина шејк.

За време на фестивалот во Кан сепак, медиумите повторно се сомневаа дека таа ќе станува мајка, бидејќи стомакот повторно беше поголем од вообичаено, иако маскиран под ефектен гламурозен фустан.

“Сите велат дека сум бремена, но не сум. Едноставно имам неподносливост кон лактоза “, изјави тогаш бринетата.

Изгледа на неа ѝ е доста да ја објаснува својата фигура и во последниве недели Лонгорија инсистирала на здравата исхрана и вежбање, иако второто не ѝ е воопшто по срце.

“Не сакам да тренирам. Секој пат се молам тренерот да не се појави “, призна пред некое време убавицата.

И сепак Ева видливо инсистирала на спортот, бидејќи фотографии од последните денови од сетот на лентата “Overboard” покажуваат дека таа е влезена во форма и веќе никој нема да се залаже дека е бремена.