Фелипе Кутињо и официјално нов член на Барселона

од desk2

Фелипе Кутињо официјално потпиша денеска за Барселона, со што го заврши трансферот од Ливерпул вреден 160 милиони евра (192 милиони долари).


Тоа е трет најскап трансфер во историјата на фудбалот.

Бразилецот (25) ќе причека за деби бидејќи поради проблеми со десната нога ќе отсуствува од терен три недели.

Неговиот прв натпревар за Барселона се очекува на 4 февруари пртотив Еспањол.

Фелипе Кутињо за Барселона ќе може да игра само во Примера, бидејќи во Лига на шампиони играше за Ливерпул.

Слични содржини