(ФОТО) Големо откритие на НАСА: Има цела група тунели на Месечината!

од desk4

НАСА, американската вселенска агенција, соопшти дека се откриени тунели кои одат длабоко под површината на сателитот на Земјата.

Според агенцијата, тоа е голема мрежа на тунели за кои се смета дека се идеални за изградба на база на Месечината.

Тие требало да бидат создадени многу одамна под влијание на лава. “Имајќи предвид нивната големина, вид, осветлување и геолошки околина, станува збор да добри кандидати за изградба на база на Месечината”, рече водачот на студијата д-р Пакал Ли.

До откривањето на мрежата од тунели, научниците од НАСА дошле по проучувањето на сликите од површината на кои се виделе дупки.

Се покажало дека овие дупки се всушност отвори на тунели, кои најверојатно биле формирани кога на Месечината уште имало вулканска активност.

Околу екваторот на природниот сателит на Земјата, НАСА открила 200 слични отвори, а други биле видени на Северниот Пол. Во НАСА веруваат дека некои од тунелите, се длабоко под површината, а тие би можеле да кријат и замрзната вода. Во таков случај тоа би било големо олеснување за идните мисии на Месечината.

Слични содржини