Жена утрински џогира во Атина, минувајќи покрај ограда со натпис: “Г-ѓо Меркел, ние уште ве сакаме. Грција”.

Оваа ноќ грчкиот премиер Алексис Ципрас објави дека на 5 јули ќе биде одржан референдум за предлози од доверителите . Тоа значи дека на 30 јуни Атина најверојатно нема да плати рата кон Меѓународниот монетарен фонд а тоа фактички ќе значи банкрот на државата.

За време на разговорите вчера (26 јуни), пак, германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека заедно со претседателот на Франција го убедувале Ципрас да ја прифати “великодушната понуда” и ја префрлија топката во неговите раце со зборовите: “Направивме несреќни чекори, сега е ред Грција да го стори истото “.

Слични содржини