Фото на денот – Рускиот космонаут пред  лансирањето емотивно се поздрави со сопругата и ќерката

од Vladimir Zorba

Утринава од Казахстан заедно полетаа Русин и Американец , а простувањето со семејствата беше емотивно

Во денешно време на војни, хаос, себичност, не сме сведоци секојдневно на вакви топли емотивни моменти.

Заминувањето на Сојуозовата капсула која од Казахстан е лансирана во склоп на Интернационалната космичка станица не само што обединила еден Американец и Русин туку и поздравот на „патниците„ во космосот со членовите на семејствата прилично ги разгали читателите и гледачите на директниот пренос на лансирање на капсулата.

Погледот и бакнежот преку стаклото накај сопругата и ќерката на рускиот космонаут Фјодор Јурчикин особено го привлече вниманието на фоторепортерите.

Шест часа до космичката станица

Девет минути им требаа да стигнат до орбитата, а планираниот лет до интернационалната космичка станица би требало да трае чест часа.

Таму ќе ги пречекаат американската астронаутка Пеги Витсон, рускиот космонаут Олег Новицки и Французот Томас Песке.

С.В.

Слични содржини