(ФОТО) Поставена слика од тест возењето на невообичаено високата Лада Cross

од desk4

Прототипот на Lada XRay модифицирана беше забележан за време на испитувањата на улиците на Толјати. Сликите од маскираното тест возило беа објавени од групата RCI Россијскиј Автопром на социјалната мрежа ВКонтакте. Се претпоставува дека снимениот автомобил е од идната модификација Cross која ќе се одликува со пластичен “офроуд” појас на браниците, крилата и на праговите.

Неодамна, руските медиуми објавија дека XRay Cross ќе добие систем за погон на четири тркала од Dacia Duster. Сепак, според најновите извештаи, Русите се откажаа поради високата цена, а Ладата најверојатно  тоа, нема да го користи. Планот XRay Cross мора да влезе во производство до крајот на оваа година. Се претпоставува дека моделот ќе чини 40-45 илјади рубли (570-620 евра) повеќе од вообичаениот хечбек.

Слични содржини