(ФОТО/ВИДЕО) Шарените револуционери: Запалија бакли и ја офарбаа улицата пред македонското собрание

од Vladimir Zorba

14459856_10154497914879804_575454689_n

Неколку стотици граѓани поддржувачи на „Шарената револуција“, вчера се собраа пред Собранието да му дадат поддршка на Специјалното јавно обвинителство. На собирот се пуштаа песни за Македонија, за поддршка на СЈО и против владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Припадниците на „Шарената револуција“ на улицата пред Собранието нацртаа голем круг, во него нацртаа стрелка која покажуваше кон СЈО, а до која пишуваше „Еден е патот до правдата“. Од страните беа напишани Уставен суд, Кривичен суд и Основно јавно обвинителство, а надвор од кругот пишуваше „Вашето време истече, its SJO o’clock“.


Адвокатот Звонко Давидовиќ рече дека денешниот протест е со цел да ги потсети пратениците кои ја изгласаа специјалната јавна обвинителка Катица Јанева дека треба да го почитуваат СЈО и да ги донесат измените кои таа ги бара.

– Дојдовме тука да му кажеме на Кривичниот суд да нема двојни аршини и селективна правда и да се фати за работа. Исто така сакаме да му кажеме на СЈО да си ја врши својата работа и дека ја има нашата поддршка, но само додека си ја врши својата работа. СЈО е должно да ги извади пред лицето на правдата сите оние кои правеле криминал – рече Давидовиќ.

Активистот на „Шарена револуција“, Александар Младенов рече дека СЈО е единствената некорумпирана институција, а граѓаните не смеат да дозволат таа да биде укината.

– Не делат по секаква основа. Едни даноци за нив, други за нас. Една правда за нив друга за нас. Сведоци сме и на егзодусот на младите. Да не дозволиме да не поделат и да не дозволиме да го укинат СЈО затоа што е единствената некорумпирана институција – вели Младенов.

На крајот на протестот активистите запалија факели и се наредија во нацртаниот круг.

Инаку, претходно  шарените револуционери ја офарбаа и зградата на скопскиот Кривичен суд.

Слични содржини