Франција: Исчезнуваат докази од Дума, на инспекторите да им се дозволи пристап

од desk2

Француското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека многу е веројатно оти ги „снемало доказите“ од местото на наводниот напад со хемиско оружје во сирискиот град Дума и оцени дека е неопходно на меѓународните инспектори да им се овозможи пристап на тоа подрачје.


Инспекторите од Органзиацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) минатата недела отпатуваа во Сирија за да го истражат местото на наводниот напад, но се уште не им е дозволен пристап до Дума, град кој е под контрола на сириската влада откако од него се повлекоа бунтовниците.

Во соопштението на француското Министерство се тврди дека Русија и Сирија „и натаму одбиваат да им дозволат пристап на инспекторите на местото на нападот“.
– Многу е веројатно доказите и елементите од суштинско значење да исчезнат од тоа место, се наведува во соопштението.

Слични содржини