(ГАЛЕРИЈА) Ариана Гранде емоционално скршена по теророт во Манчестер: Kако ja доживеа крвавата трагедија?

од Vladimir Zorba

Емоционално скршена, тешко ја преживеа трагедијата по нејзиниот концерт Ариана Гранде. Таа за прв пат беше забележана по терористичкиот напад, при  излегувањето од авион во нејзиниот роден град Бока Ратон, Флорида во САД.

Поп ѕвездата беше длабоко возбудена и во солзи беше пречекана од нејзиниот пријател Мак Милер, кој се обидуваше да ја смири, соопштува “Дејли Меил”.

Аријана која беше облечена во црно, информира медиумот, се опуштала во прегратките на Милер, пред да влезе во џип и да отпатува кона нејзиниот дом, кој се наоѓа на неколку километри.

Заедно со пејачката, во авионот патуваше и нејзината мајка, која исто така беше облечена во црно. Потоа, целата група се смести во автомобилот и се упатија заедно кон семејната куќа.

Според блиските, пејачката многу тешко  ги преживеала неколкуте часа по ужасниот терористички акт по концертот во “Манчестер арена”, во кој загинаа недолжни 22 млади лица, од кои повеќето се деца, тинејџери и млади луѓе.

 

Слични содржини