Според генералот во пензија, Зоран Димов, кој го познава добро теренот околу Гошинце, има неколку сомнителни факти кои ја прават невозможна вчерашната случка кога, според МВР, биле нападнати припадниците на граничната полиција, заробени, а потоа ослободени.

zoranDimov

Тој, за А1Он, вели дека индикативно е тоа што четворица полициски службеници се нашле во караулата баш во тој момент и тоа без соодветно возило. Дополнително збунува фактот што поминале 14 часа од заробувањето до интервенцијата на МВР.

– Се поставува прашањето што четворица луѓе правеле на Гошинце, дали ја обезбедувале границата, дали биле во инспекција на објектот, затоа што не верувам дека Гошинце е постојано поседнат. Но четворица луѓе да дојдат без соодветни средства за врски и комуникација, без соодветно возило, и тука да се најдат и баш во тој период да дојде некој да ги зароби.. тоа е индикативно. Или тие што ги заробиле совршено го познаваат планот на употреба на силите на МВР за обезбедување на границата..? Точно знаеле дека ќе дојдат во тој момент, во тој час и дека ќе ноќеваат тука, затоа што се случило во 2.30 наутро. Но некој да дојде да ве фати да ве врзе и да ви дозволи после 30 минути да си заминете, тоа е малку чудно- вели Димов, некогаш одговорен за граничното обезбедување./Извор А1Он

 

Слични содржини