Голем бод на Македонија против светската ракометна сила Германија

од desk4

Ракометарите на Македонија во исклучително резултатски непредвидлив меч против големата ракомента сила Германија одиграа нерешено, 25:25.

Со три бода одат во втората фаза од Европското првенство. Нашите ракометари како први во групата се селат во Вараждин.

Македонските репрезентативци одлично го започнаа натпреварот, играјќи во нападот со  7 наспрема 6 играчи на противникот.

Оваа тактика на тренерот Гонзалес вроди со плод и нашите ракометари успеаја  во првите 15 минути од натпреварот да имаат неколку гола предност.

Потоа Германците се вратија во мечот и таквиот нивен напор ги доведе до три гола предност, но сепак на полувремето двете репрезентациите заминаа со резултат 12:11

Второто полувреме беше многу понеизвесно,  цело време се играше цврсто и машки.

Десетина секунди пред завршувањето на натпреварот Македонија во свои раце ја имаше победата, но ударот на Стојанче Стоилов беше одбранет од страна на германскиот голман.

Во македонската репрезентација најефикасни беа Кире Лазаров и Дејан Манасков со по 5 постигнати погодици.

 

Слични содржини