Момчиња-мигранти на протест пред затворената граница со Македонија.

 

идоменНајмалку 200 грчки полицајци почнаа да го  расчистуваат миграцискиот камп кај Идомени на границата со Македонија, пишува  АФП. Во моментот 8400 мигранти сеуште живеат таму. При расчистувањето не се употребува  сила иако полицајците на терен започнаа да пристигнуваат уште вчера, повикувајќи  ги бегалците да  ги здиплат шаторите и да се качат на автобуси, со кои треба да бидат однесени до предвидени засолништа. На местото има и десетици полицајци во цивилна облека, како и 20 полициски комбиња.

Евакуацијата засега тече бавно и мирно, изјави Јоргос Кирицис, портпарол Службата за координација на мигрантската криза .

– Нема потреба од примена на сила, нагласи портпаролот, според кого евакуацијата ќе трае најмалку десет дена

Според податоците на Атина во моментот има 6000 слободни места во регистарски центри за мигранти, како и повеќето од луѓето од Идомени ќе бидат преместени во кампови околу Солун, што повторно не е далеку од северната граница. До натрупувањето на мигранти на грчко-македонската граница се стигна по затворањето  на балканскиот правец во март. Активностите на страните во него беа легитимирани  од Брисел со договорот ЕУ-Турција од 18 март, во рамките на кое Анкара се согласи да ги прифати назад сите илегални мигранти на територијата на Грција.

ограда мкд војМакедонија престана да дозволува  премин на луѓе кои не доаѓаат од конфликтни зони, уште кон крајот на минатата година. Во март Макединија  тотално  го запред преминувањето на мигранти. Така дојде да зголемувањето на бројот на луѓето во Идомени, кои во одредени моменти достигнаа над 10 000 лица. Големи групи на неколку пати направија  насилни безуспешни организирани обиди да преминат нелегално во Македонија, но беа запрени од граничните служби. Истовремено условите за живот внатре во шатори беа многу блиски до или паѓаа под животниот минимум. Сепак повеќето од мигрантите одбија да бидат преместени во други приемни точки во Грција. Според дописникот на АФП, повеќето од жителите на Идомени се жени и деца, кои се обидуваат да стигнат до  свои роднини и  мажи, кои веќе поминале по миграцискиот правец кон Западна и Северна Европа.

Слични содржини