По уште една средба со раководителите на институциите-кредитори грчкиот премиер Алексис Ципрас се враќа во Атина, соопшти grreporter.info. Од аеродромот тој се очекува да оди директно во владината резиденција “Максиму”, каде ќе се одржи вонредна седница на Министерскиот совет.20150626.kxhgianqie

На него премиерот ќе ги информира министрите за текот на преговорите и новиот предлог на доверителите кон Атина. Претходно стана јасно дека за време на состанокот во Брисел утрово доверителите понудиле 5-месечно издолжување на спасувачката програма и финансирање во износ од 16,3 милијарди евра ако биде постигнат договор. 10,9 милијарди од нив се остатоци од средствата на Фондот за финансиска стабилност, 1 , 8 милијарди – последниот транша од спасувачката програма и 3,6 милијарди евра од профитот на Еуросистемот од грчките државни обврзници. Во прилог се предвидува парите да бидат увезени во посебна сметка за сервисирање на грчкиот државен долг. Тие ќе бидат поделени на 4 рати според примената на буџетските мерки и реформите:-Еврозоната ќе одвои сума од 1,8 милијарди евра веднаш откако грчкиот парламент гласаше  за првите закони кои ќе ги применуваат мерките со цел да бидат платени кредитите кон ММФ.

-Втората рата во износ од 4 милијарди евра ќе биде доделена во средината на јули и откако Грција ќе ги исполни првиот пакет мерки.Со овие средства ќе бидат покриени инфарктите  на грчките државни обврзници во вредност од 3,5 милијарди евра, кои се откупени од Европската централна банка.

-Во почетокот на август ќе бидат доделени 4,7 милијарди евра. -Во октомври – уште 1,5 милијарди евра. Паралелно со тоа Меѓународниот монетарен фонд ќе ја обезбеди својата транша од 3,5 милијарди евра во октомври и под услов Грција ќе ги спроведе договорените реформи, финансирањето ќе биде гарантирано во следните 12 месеци и долгот  ќе биде одржлив.

Според извори на весник Катимерини финансиските потреби на Грција до крајот на годината се во износ од 15,3 милијарди евра. Тие ќе бидат покриени целосно, ако биде почитува наведената програма за доделување на рати. Претходно грчки медиуми објавија корективни предлог на грчката страна, која беше презентирана на вчерашната седница на Еврогрупата.

Главните разлики во позициите на Атина во однос на оние на доверителите се: -ДДС – Грција предлага годишниот приход да се во износ од 0,93 отсто од БДП, додека доверителите инсистираат тие да се во износ од 1 отсто. Атина инсистира сите прехранбени производи, а не само основните да се со стапка 13 отсто. Во истата категорија грчката влада ги става и хотелски услуги и сака задржување на статусот на намалени даноци за островите. За разлика од доверителите Атина не вклучува во својот предлог услов за намалување на ДДВ во случај на пораст на приходите од борбата против даночното затајување и забрзување на ритамот на плаќање на даноци.

Во предлогот на доверителите се наведува дека тоа е веројатно да се случи кон крајот на 2016 година -Грчката влада инсистира на воведување на данок од 12 отсто на компаниите со добивка над 500 000 евра. -понудата на  намалување на трошоците за одбрана со 200 милиони евра во 2016 година -Односно данок  на “доход” за фирмите Атина прифаќа предлогот на доверителите да го зголеми на 28 отсто, со 1 процент под првичниот предлог за 29 отсто. -Грчката влада предлага да ја  поништи постепено исплатата на помош на сите пензионери до крајот на 2018, додека доверителите инсистираат за негово целосно отстранување до крајот на 2019. Освен тоа тие сакаат помошта да бидат отстранети веднаш за 20 отсто да  пензионерите добиваат повисоки пензии. Атина нема предлог за тоа. -Односно  за здравственитеосигурување на пензионерите Атина нуди пораст од 4 на 5, а  доверителите – на 6 проценти. -Грците продолжуваат да инсистираат на зголемување на придонесите, додека доверителите ја отфрлаат оваа мерка.

-Според предлогот на Атина укинувањето на раното пензионирање ќе започне од 31 октомври, а доверителите сакаат тоа да се случи  уште на 30 јуни. Грчки извори, на кои се повикува електронското издание iefimerida.gr се категорични дека корективниот предлог на доверителите е “полош од меморандум” . Од своја страна Алексис Ципрас изјави пред заминувањето од Брисел дека “принципите на Европа не се засновани на уцени и ултиматуми”. Владини извори велат дека целта на грчкиот кабинет е да постигне договор – “пакет”, зашто само по себе финансирањето не е доволно. “Договорот не треба да рециклира магичниот круг на рецесија”. Според истите извори сценаријата на преговарачката маса се многу, но “ниедно решение за финансирање не може да се активира во рок од предлогот на институциите”.Последното и критично за Грција  е седницата на Eurogroup која ќе се одржи во Брисел утре во 15:00 грчко време.

Слични содржини