Груби: Седницата за законот за јазиците не ја одложив поради изјавата на Хан

од desk4

Претседателот на Комисијата за европски прашања, пратеникот Артан Груби ја одложил утрешната комисиска седница за законот за јазиците за да не се дефокусира јавноста од итните прашања.

– Проценив дека неделава е многу значајна за други реформски прашања и дадов предност на тоа за да не овозможам дефокусирање на јавноста од тоа што во моментов е најзначајно и итно – вели Груби.

Тој истакнува вели дека одложувањето не е поврзано со вчерашната изјава на еврокомесарот Јоханес Хан дека владата треба да се фокусира на приоритетите реформи за кои ќе биде оценувана и дека законот за јазиците не е во Договорот од Пржино, ниту пак е нешто кое Брисел го бара.

Пратениците минатата недела со 66 гласа „за“ и 41 „против“, дадоа виза предлог-законот за употреба на јазиците да оди на второ читање, а за него досега се поднесени 90 амандмани, од кои 84 од ВМРО-ДПМНЕ, четири од СДСМ и два од Беса. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска, еден ден по изјавата на Хан побара да се тргне европското знаменце од законот.

Слични содржини