Груевски достави Проглас до комитетите, ВМРО-ДПМНЕ се мобилизира- Не сакаат дас е опозиција!

од Vladimir Zorba

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски синоќа достави проглас до општинските комитети на партијата во градовите низ Македонија, а во кој од нив побара да застанат во одбрана на националните интереси на Македонија.
.

Во Прогласот, кој засега не е објавен јавно од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу другото членовите се повикуваат на собири доколку Зоран Заев формира влада.

Пред почетокот на седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Мане Јаковлевски, еден од основачите на партијата најави дека нема да дозволат некој да ја „разнебитува“ државата.

-Не размислуваме да бидеме опозиција зашто ние сме победници. Со оглед на тоа колку пари се потрошија, со какви манипулации го залажуваа народот за ВМРО-ДПМНЕ да не ги добие изборите, ние сепак победивме и сме победничка партија- изјави Јаковлевски.

Покрената иницијатива за внатрепартиска демократизација на ВМРО ДПМНЕ

 

Слични содржини