Груевски на телефон додека Жерновски сведочеше, Фатиме изреагира

од desk4

Обвинетиот поранешен премиер, Никола Груевски, работеше на својот телефон за време на сведочењето на поранешниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски, на денешното судско рочиште во Кривичниот суд. На тоа реагираше обвинителката Фатиме Фетаи, која и посочи на судијката дека Груевски не го следи судењето.

Фетаи побара од судијката да ги предупреди присутните во судницата да ги тргнат настрана телефоните. Судијката порача дека ќе нареди мобилните телефони да се соберат доколку не бидат исклучени./извор Фокус

Слични содржини