Европската комисија и оваа година ја повтори условената препорака за членство на Македонија во Европската Унија.
Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, кој го презентираше извештајот за Македонија, рече дека земјата мора да ги исполни сите услови предвидени со Договорот од Пржино.
– Не сме надвор од домашната политичката криза без разлика на направените добри чекори во последно време. Лидерите сега имаат шанса да ја надминат кризата и да ги адресираат системските проблеми. Треба да се спроведат веродостојни избори. Македонија, како и Србија, играше голема улога во мигрантската криза и соработуваше со земјите членки и со соседските земји. Евопската комисија ја задржува препораката од минатата година, но ја услoвува со целосно спроведување на Договорот од Пржино и итните реформи приоритети – рече Хан.
Претходно Хан за Радио слободна Европа ги објасни деталитите и причините за завквиот извештај.
Европратеникот Иво Вајгл рече дека „што се однесува до состојбата во Македонија, се зависи од изборите на 11 декември и од спроведувањето на Договорот од Пржино“.
Самиот извештај на Еврокомисијата за Македонија, пак, кој е на 88 страници, содржи „политички, економски и правни критериуми“, во кој се наведуваат клучните точки во однос на целокупната оценка на состојбата во македонското општество.