Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне во западните и југозападните делови од земјава ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

кола дожд

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната од 30 до 37 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 35 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во среда и четврток времето ќе биде малку потопло, ќе се задржи попладневната умерена облачност, но ќе биде претежно стабилно. Локални врнежи од дожд и малку посвежо време се очекуваат за време на следниот викенд.

Слични содржини