Медиумскиот сервис „Фурат Медиаџ“ на Исламска држава денеска објави снимка на босански јазик во која ги повикува своите приврзаници да го убијат пратеникот во српскиот Парламент Муамер Зукорлиќ.

muamer-620x413

Сараевскиот портал „Сафф.ба“ наведува дека тоа е јасен знак и најава за нови активности на ИД во Босна и Херцеговина.

– ИД е непријател на исламот и на муслиманите. Муслиманите мора да бидат одлучни во борбата против злото што го шират ваквите луѓе и нивните ментори. Овие луѓе немаат ништо со исламот, тие се целосни лудаци, убици и следбеници на култот на смртта, посочува „Сафф.ба“, кој на насловната страница ја објави фотографијата на Зукорлиќ и видео-снимката. /МИА

Слични содржини