И покрај постигнатиот прекин на огнот сепаратистите и натаму го напаѓаат стратегискиот железнички јазол Дебалцево, изјави денеска портпаролот на украинската армија, а очевидци информираат за интензивно гранатирање на регионот, пренесоа британските меидуми.

A pro-Russian separatist gestures near the eastern Ukrainian city of Uglegorsk

– Незаконските вооружени групи не го поддржуваат прекинот на огнот, рече армискиот портпарол Анатолиј Стелмах.

Тој додаде дека бунтовниците, поддржани од Русија, со ракети „Град“ и тенкови ги напаѓаат владините сили, под чија контрола е градот.

Според Стелмах, нападите врз Дебалцево дури се и зачестени во споредба со претходните денови и притоа се употребуваат сите видови оружје.

-Терористите добиле наредба по секоја цена да го заземат Дебалцево, посочи тој.

Известувачите од теренот наведуваат дека во Углегорск (на украински Вуглехирск), место на околу 10 километри западно од Дебалцево, има интензивно гранатирање, што доаѓа од градот, и информираат за моментални експлозии.

Во последните 24 часа, откако во сила влезе кревкиот прекин на огнот, што го договорија Украина, Русија, Германија и Франција, украинската армија посочи дека нивните позиции биле гранатирани дури 112 пати.

Стелмах дополни дека владините сили стрелале само кога биле нападнати.

Слични содржини