Нов метод за пренос на податоци, кој го користи видливиот спектар, наместо радио, беше тестиран во канцелариски простор.4529965

Технологијата “Li-fi” може теоретски да обезбеди интернет пристап, до 100 пати побрз од безжичниот “Wi-fi”, а веќе проверено обезбедува брзина до 1 Gbps (гигабити во секунда), соопштува Би-Би-Си.

Се бара извор на светлина, како стандардната електрична крушка, интернет пристап и фото сензор. Методот беше тестиран оваа недела од естонската старт-ап компанија “Velmenn” во главниот град на земјата Талин. При тестирањето преку сијалица е достигнат пренос на податоци со брзина 1Gbps, а лабораториски тестови покажале теоретски можности до 224Gbps.

Тестовите биле спроведени во канцеларија, каде работниците користеле интернет со новиот метод. Според извршниот директор на компанијата Деепак Соланки, технологијата може да влезе на пазарот и да стигне до крајниот корисник “по 3-4 години”.

Терминот li-fi е дело на проф. Харалд Хас од Универзитетот во Единбург, кој ја демонстрираше технологијата на саемот TED во 2011 година За време на презентацијата, Хас оствари видео повик преку сијалица. Професорот ја опиша иднината во која милијарди светилки се претворени во безжични хотспотови.

Предностите на технологијата пред wi-fi методот се дека таа не е преплетена со други радио сигнали и може да се користи на летала и други места каде што слободата на спектарот е проблем. Видливиот спектар е околу 10 000 пати поголем од радиото, па едвај има опасност да се исцрпи наскоро. Секако, новиот метод има свои минуси. Тој не може да биде применет при дневна светлина, која ќе го наруши сигналот, ниту може да минува низ ѕидови.

Слични содржини