Ирачките сили ќе влезат на граничните премини на северот

од desk2

Ирачките сили се подготвени во текот на денот да преземат контрола над меѓународните граници на курдскиот регион на северот на Ирак и тоа е дел од зајакнатите напори на Багдад да ги изолираат Курдите по референдумот за независност на тој регион.

AP потсетува дека Ирак синоќа вовел забрана за прелет со што се запрени сите меѓународни летови кон аеродромите во тој регион.

Службеник од граничните премини кај курдскиот регион со Турција Абдул – Вахаб Барзани вели дека ирачките сили на турската страна на границата се подготвени.

„До сега не нѐ контактирале. Чув дека планираат да постават царина на оддалеченост од 15 метри од турската страна на границата“, вели Барзани.

Ескалацијата на тензиите предизвика загриженост во САД кои се близок соработник на Курдите и на Багдад и дека резултатите од референдумот можат да доведат до насилства.

Според резултатите на референдумот Курдите со големо мнозинство ја поддржаа независноста од Ирак.

Меѓутоа, плебисцитот предизвика вознемиреност во Багдад и властите најавиле дека се одлучни да спречат одделување од земјата. Загриженост поради референдумот има и во соседните Иран и Турција кои стравуваат дека гласањето може да доведе до слични амбиции и кај Курдите во нивните земји.

Зборови кои не се пронајдени во базата:

Слични содржини