policaec-pronajden-mrtov-vo-policiska-stanica-185028
На 02.08.2016 година во 17.40 часот во ПС Валандово Д.М. пријавил дека од дома во непознат правец се оддалечил неговиот внук В.К. (44) од с.Раброво, валандовско. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 03.08.2016 година околу 20.00 часот во ПО Чашка, шумски работник од ШС „Бабуна“ пријавил пожар на сува трева и ниска дабова и габерова шума на м.в „Наковална“ атар на с. Дреново, велешко, кој се проширува кон м.в.„Браза“. Поради непристапноста на теренот, отежнати се условите за интервенција.
На 03.08.2016 година околу 14.00 часот во Богданци, во кругот на оранжериите „Мил Бос“, при сечење железо предизвикан е пожар кој зафатил сува трева и нискостеблеста шума, кој се проширил на реонот помеѓу браната Паљурци и подножјето на планината Карабалија. Поради временските услови (силен ветер), постојат услови пожарот да се прошири на грчка територија.

На 03.08.2016 година околу 07.00 часот на магистралниот патен правец Демир Капија – с.Удово, кај м.в. Св.Петка, се случила сообраќајна незгода во која ПМВ „Ауди А4“ со германски регистарски ознаки, управувано од Д.С. (46) од Р.Србија и ПМВ „Фиат Сеиченто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.П. (41) од Скопје, удриле во Автобус „ЗЕТРА“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на ДОО „Струмица Експрес“, а управувано од Ѓ.В. (60) од Струмица. Во незгодата на местото на настанот починале возачот на ПМВ „Фиат Сеиченто“, Н.П. и сопатникот Б.П. (31), додека со тешки телесни повреди се здобил нивниот седумгодишен син. Истиот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во ЈЗУ-Велес, од каде поради сериозноста на повредите е препратен во Ургентен центар(на КАРИЛ)-Скопје. Сопатничката во ПМВ „Ауди А4“ Н.С.(37) од Р.Германија се здобила со тешки телесни повреди и е задржана на лекување во ЈЗУ-Велес. Увид на местото на настанот извршиле Јавенобвинител и увидна екипа од ПС Валандово. Од 07.00 до 12.40 часот сообраќајот во двата правци беше во прекин, односно беше пренасочен и се одвиваше од Гевгелија преку Богданци, крстосница Дојранска за Струмица и обратно. По наредба на Јавен обвинител во ПС ОН Валандово задржан е С.Д. (46) од Р.Србија заради обезбедување негово присуство на постапка која се води за сообраќајната незгода.
На 03.08.2016 година околу 15.15 часот во Скопје, на ул.„Александар Урдаревски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Фолксваген Пасат“ со француски регистарски ознаки, управувано од Н.Д. (49) од Скопје и ТМВ „ТАМ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Љ.(33) од с.Блаце, скопско. Од незгодата со повреди се здобил Н.Д. и сопатниците во ПМВ „Фолксваген Пасат“ К.Д.Г. (49) од Р.Франција, Ш.А Д. (45) и Х.К. (35), двете од Скопје кои биле пренесени во Ургентен центар Скопје, каде им се констатирани телесни повреди и се пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.П. (29) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“. Пријавениот на 22.07.2015 година, во 23.30 часот од страна на полициски службеници извршен е преглед над пријавениот при што под седиштето на скутерот кој го управувал бил пронајден еден куршум од пиштолска муниција калибар 9 мм кој не содржи проектил наменет за оружје за звучна и светлосна сигнализација.

Слични содржини