Првата хипотеза според која работи руската истрага во врска со убиството на опозиционерот Борис Немцов, е обид за провокација и дестабилизација на политичката ситуација во Русија, при што тој може да бил жртва.

Image_4628199_407

Ова го изјави портпаролот на истражниот комитет на Русија Владимир Маркин, прецизирајќи дека пукањето е извршена со пиштол “Макаров”. Од местото се запленети шест чаури од 9-милиметарски куршуми од различни марки, пишува Дни.ру.

Друга верзија, по која се работи, е исламската трага, бидејќи Немцов добивал закани за својата позиција за нападот врз францускиот весник “Шарл ебдо”.

Се проверува и хипотезата за поврзување на убиството со украинските настани. “Познато е дека меѓу учесниците во украинскиот конфликт има многу од крајните радикали кои не потчинуваат на никакви власти. Не е исклучена и трговската дејност на Немцов, лични спорови и други битни конфликти да стојат зад убиството “, посочи Маркин.

По 2003 година Немцов работел како советник на украинскиот претседател.

Слични содржини