Иванов: Благодарение на разузнавањето, државниот врв носи одлуки добри за граѓаните

од desk2

Благодарение на издржаните анализи на Агенцијата за разузнавање и на истражувања на податоците и на информациите, државниот врв може да носи одлуки за доброто на граѓаните и на државата, рече претседателот Ѓорге Иванов, во обраќањето на свеченоста, по повод одбележувањето на 20-годишнината од формирањето на Агенцијата за разузнавање и доделувањето на орденот „Илинден 1903 година“.

– Агенцијата постојано нè информира за процесите што генерираат закани по националната безбедност и потрајните и витални вредности. Со тоа Агенцијата ни помага да носиме одлуки во насока на воспоставување стабилно безбедносно опкружување и одржлив развој на долгорочен план. Во овие 20 години, Агенцијата помогна да избегнеме многу погрешни одлуки, но и полесно да ги пребродиме најголемите премрежиња со кои сме се соочиле како држава – рече Иванов.

Според Иванов, недоволното присуство на Европската Унија придонело кон ретроградни процеси и додаде дека сме сведоци на отворено мешање во внатрешните работи на државата.

– Благодарение на разузнавачко-безбедносен систем, чиј важен дел е Агенцијата за разузнавање, Македонија успева да се соочи и да ги менаџира сите предизвици – изјави Иванов./Meта

Слични содржини