Иванов: Попречено ни е правото на просперитет

од desk2

Шефот на државата, Ѓорге Иванов, кој беше во дводневна работа посета на Брисел вчера оствари средба и со заменик-претседателот на владата и министер за надворешни работи и европски прашања на кралството Белгија, Дидие Реиндерс.

Иванов и Реиндерс на средбата размениле мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете земји при што констатирале дека тие се пријателски и изразиле заемни заложби за нивно постојано унапредување.

Претседателот Иванов изразил благодарност за принципиелната поддршка што Белгија ја дава за аспирациите на Македонија за членство во Европската унија и во НАТО и посочи на потребата од нивна што поскора деблокада.

Со статус-кво состојбата на Македонија ѝ е попречено правото на просперитет. Европската унија треба да преземе итни чекори и да го одблокира интеграцискиот процес на Македонија, кој е неповратен. Како земја, потребна ни е трансформирачката моќ на интегративниот процес – му порачал претседателот Иванов на Реиндерс.

Слични содржини