Иванов – Вучиќ: Економската соработка да се продлабочи

од desk3

 

На прашањето дали двајцата претседатели разговарале за промовирање на идејата за заеднички регионален пазар, Иванов рече дека тоа ќе биде во надлежноста на двете Влади.

– Тоа е во интерес на целиот регион. Ние во минатото сме имале заеднички пазар, ги знаеме бенефитите од сето тоа, и која е користа за нашето стопанство, така што се надевам дека владите од регионот, како што Брдо Бриони процесот на ниво претседателите ги промовира тие идеи за зближување и отварање на просторот, така и премиерите на нивната идна средба во Трст сигурно конкретно ќе разговараат за  реализација на таа иницијатива, изјави македонскиот претседател.

Според претседателот Иванов, Македонија и Србија како две соседни земји своите односи мора да ги негуваат во духот на пријателството и меѓусебна соработка. На средбата со Вучиќ раазговарале и за можностите за продлабочување на економската и трговската соработка, како и за прашања од културата.

– Разговаравме и за прашања од доменот на културата кои мора да ги регулираме со одбележувања на настани, како што беше одбележувањето на 70-годишнината од доаѓањето на Македонците во Србија што го одбележавме заедно со претходникот на  Вучиќ. Тоа беше еден чин на почит. Тие ни посветија внимание и нашите Македонци беа навистина задоволни. Таквите настани ќе продолжиме и во иднина да ги одбележуваме, бидејќи тие ги зближуваат двата народа и придонесуваат кон доверба на двете држави, рече Иванов.

Политичкиот дијалог меѓу двете земји се очекува да продолжи со идна посета на претседателот Вучиќ на Република Македонија.

Иванов оствари и неформална средба со поранешниот српски претседател Томислав Николиќ.

 

Слични содржини