Израелски политичар: Земјотресот е Божја казна за Италија

од desk3

Заменикот министер за регионална соработка на Израел, Ајуб Кара изјави денеска дека земјотресот во Италија е „Божја казна за Италија“, бидејќи била воздржана при гласањето за Стариот град во Ерусалим.

sl13

За жителите на Израел, Стариот Град е обележје на повеќевековните врски на Израел и Евреите.

Кара, член на десничарската Ликуд, во момент на земјотресот бил во Ватикан, но бил убеден дека „Бог ќе го заштити“ поради ота што Ватикан ја осудил оценката на Унеско дека Стариот Град во Ерусалим е арапски.

Владејачките партии во италијанскиот парламент ја осудија изјавата на Карин и побараа од премиерот и претседателот на Израел да го сменат Кара./МИА

Слични содржини