Јанша ќе одговара поради навреда на две новинарки

од desk3

Поранешниот словенечки премиер и лидер на опозиција Јанез Јанша ќе мора да одговара пред суд во кривична постапка, која против него, поради навреда на честа и доброто име, ja покренаа две новинарки, одлучи денеска Окружниот суд во Цеље.

janez-jansa-radio-aktual-10679

Новинарката на словенечкиот национален ТВ сервис Евгенија Царл и уредничката на внатрешна политика Мојца Пашак го тужеа Јанша и бараат отштета поради навреда објавена на Твитер, откако во централниот дневник во март објавија прилог за неговата партија.

Царл и Пашак во прилогот тврдеа дека некои членови на Словенечка демократска партија (СДС) наводно се членови на екстремистичката фејсбик група „Црна легија“, што подоцна се покажа за непроверено.

Јанша по прилогот на Твитер напиша дека новинарките се политички активистки и „новинарски проститутки“ кои се „продале за 35 евра“ за да ја напаѓаат неговата партија.

Судскиот совет соопшти дека твитот на Јанша е со многу навредлив и „ги содржи сите знаци на кривично дело“ што е видливо „од содржината на напишаното и од начинот на изразување“ и оти не претставува никаква сериозна критика на новинарската работа.

Слични содржини