Јовановиќ бара Вучиќ на Дачиќ да му стави фластер на уста

од desk2

Претседателот на ЛДП Чедомир Јовановиќ, побара од претседателот на Србија Александар Вучиќ и од премиерката Ана Брнабиќ, веднаш да му стават крај на однесувањето на министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.

„ЛДП инсистира власта на својот министер Дачиќ да му стави `фластер на уста` и така да го сопре во промовирањето поделба на Косово, која со себе ја влече и идејата за поделба на југот на Србија, во Босна и Херцеговина, Македонија и на крај во Војводина и Санџак“, вели Јовановиќ во пишаната изјава до медиумите.

Вели дека е бесмислено да се верува во дијалог и договор додка Дачиќ `бамбори` за поделба на Косово како во најдобрите времиња на Слободан милошевиќ, Војислав Коштуница и Борис Тадиќ.

„Секој пат тоа крваво политикантство му го креваше рејтингот, а земјата подлабоко ја туркаше во жив песок, и секојпат Дачиќ ја подвиткуваше опашката, потргнувајќи им ја столицата на они над себе кои мораа да `висат` – на Милошевиќ по 5 октомври, на Коштуница 2008, на тадиќ 2012. Нивните судбини не се моја грижа, но е судбината на земјата во која само нашата политика го помина тестот на времето, што Србија не можеше да ја сочува“, додава Јовановиќ.

Ако не се во состојба да го замолчат промоторот на идеите од деведесетти, како ќе не убедат дека ќе се договориме земјата да ја извлечеме од крвавите урнатини во кои заврши токму поради политиката од истите деведесетти?, прашува лидерот на ЛДП.

Слични содржини