Јункер: Се надевам дека ќе престане трендот на смена на премиери во Романија

од desk2

Претседателот на Европска комисија, Жан-Клод Јункер на денешната средба Виорика Данчила изјави дека таа е петта романска премиерка со која се сретнува за последните четири години.


– Таа е петти романски премиер од 2014 година до денеска, се надевам дека ќе престане таквиот тренд, бидејќи не можам да се снајдам, истакна Јункер по средбата со Данчила.

Претседателот на ЕК истакна и дека има целосна доверба во романското правосудство.

– Единствено е лошо што некои локални политичари создаваат впечаток дека сакаат да го заобиколат законот. Некои политичари во Романија треба да избегнуваат акции кои наликуваат на закани по владеењето на законот, посочи Јункер, додавајќи дека не е посебно вознемирен за Романија.

Данчила посочи дека ќе се потруди да соработува со институциите на Европска унија. Таа посочи и дека прашањата за владеење на законот и потребата од борбата против корупцијата треба да бидат разгледувани кога има сомневања, конкретно, а не општо.

Слични содржини