Почетна / TOP NEWS / Како да направите совршено селфи?

Како да направите совршено селфи?

Не е тајна дека љубителите на селфијата минуваат часови во подготовка за да го уловат идеалниот кадар што ќе го објават на социјалните мрежи.

Сега, експерти ја открија формулата за сликање селфи и се чини дека сè се сведува на вистинскиот агол.Според др. Анука Линда од универзитетот „Ла Троб“ во Мелбурн, Австралија, која има разгледано илјадници селфија, тие што објавуваат фотографии на Инстаграм претпочитаат да направат селфи со левата рака, бидејќи така постигнуваат најдобар ефект.

Таа додава дека аголот под кој е направена фотографијата може да придонесе личноста да изгледа потенка или попривлечна.

Линда, специјалистка по когнитивна психологија, објави истражување во кое докажа дека сликањето од левата страна директно влијае врз тоа како изгледаме на селфито.

Специјалистката разгледала 2000 различни селфија на 200 лица поставени на сајт за споделување слики и утврдила дека поголемиот дел од фотографиите се направени од лево, наместо однапред или од десно.

Таа разгледувала фотографии на мажи и жени со хаштаг #selfie, кои ги има речиси 300 милиони на Инстаграм. Причината да се избегнува сликањето во анфас е што сликани на овој начин луѓето не изгледаат најпривлечно. Типичен пример за тоа се фотографиите за лична карта и за возачка дозвола.

Еден од советите на др. Линда за совршено селфи е тоа да се слика под агол, бидејќи така се откриваат јаболчиците и лицето изгледа потенко.

Од претходни истражувања е познато дека позата од левата страна се смета за поемоционална и поекспресивна отколку позата од десната страна.