Kако да знаете дали се работи за депресија или анксиозност

од Vladimir Zorba

Иако некои симптоми на депресија и анксиозност се многу слични, разликата меѓу тие две состојби е огромна.

Депресијата е чест ментален проблем кој предизвикува долгорочно чувство на тага и многумина ги наведува на мисли за самоубиство. Стресот е исто така чест проблем, но неговото влијание често се потценува бидејќи стресот го прифаќаме како дел од секојдневниот живот.

За да си помогнете себе си или на некој друг првин морате да знаете во што точно е проблемот, односно да знаете дали станува збор за депресија или анксиозност.

Стручњаците велат дека стресот е тешко да се дефинира бидејќи тоа што некому му е вообичаена секојдневна задача , за друга особа може да претставува стресна ситуација и причина за анксиозност.

„Анксиозноста во клинички контекст значи две работи-одговор на телото на стресна ситуација, поради што можете да чувствувате напнатост, срцето забрзано ќе ви работи, чувствувате како да ви се тресат колената , претерано се потите или имате чувство дека нешто страшно ќе се случи„ вели психијатарот др Димитриос Паскос.

„Депресијата е константно чувство на тага во период од неколку недели или месеци и за таа состојба е потребна терапија , додека стресот е наталожен , емоционален или ментален притисок. Иако стресот го зголемува ризикот од ментални болести како што е депресијата тој не е квалификуван како болест„, вели фармацевтот Кевин Лајверс.За да можете полесно да сфатите дали вие или некој друг имате некој друг проблем со анксиозноста или депресијата , еве симптоми кои ќе ви помогнат да ги разликувате.

„Како и стресот , депресијата може да предизвика некои физички симптоми, како што се болките, но и емоционални симптоми ,промена во концентрацијата, тешкотии во помнењете , како и начинот на кој се гледате себе си“,вели др. Џејн Девениш.

Главната разлика е во тоа што депресијата ја карактеризира состојба на тага и безнадежност, чувство на изолираност и неможност да се поврзете со другите, неуживање во работите кои инаку сакате да ги работите.

Доколку тој проблем не се препознае на време , кај некои луѓе депресијата може да доведе до суицидални мисли„.

Др. Девениш вели дека особите кои страдаат од депресија постепено се повлекуваат од општеството и дека е тоа знак по кој можете да препознаете дека некој има проблем.

„Ако се грижите дека некој кого го познавате може да страда од депресија , најдобро што можете да сторите е да ги уверите дека се грижите за нив и дека можат да разговараат со вас. Немојте да ги осудувате , туку да ги охрабрите да сторат нешто што може да им помогне, како на пример да се посветат на работите кои инаку ги сакаат, да бидат физички активни.Исто така , советувајте ги да побараат стручна помош“ предложува таа.

С.В.

 

Слични содржини