Ќар или штета од дисперзираните студии?

од Vladimir Zorba

Одлуката за замрзнување на дисперзираните студии е очекувана и логична, -велат дел од студентите и професорите. Минатата власт без консултација и анализа ги спроведе како образована реформа која не даде резултати, велат од Mладинскиот образовен форум за ТВ24.

„Оваа форма на дисперзирани студии донесе голема загуба на квалитетот и трошоци. Се покажаа дека има 57 милиони загуба поради оваа реформа се покажа во истражувањата“, изјави Сандра Анастасовска – претседател на Младински образовен форум.

Дел од професорите велат дека дисперзираните студии беа скап проект кој не доведе до квалитет.

„Приказната за овие струдии е тотален крах. Факултетите и универзитетите кои нудеа такви стуудии беа еден вид политички амбасади на нашите партии.“ речеи Али Рајазити професор на Југоисточна Европа.

„Овие студии го руинираа квалитетот на високото образование, затоа што и оние малку ресурси кои беа ставени на располаќање, се расплинаа и се импровизираше во однос на просторот, опремата и луѓето. Наставниците се претворија во некои вид на патувачки каравени кои одеа од еден во друг град“, посочи вели Зоран Т. Поповски, професор на Факултетот за земјоделски науки и храна,– Скопје.

Според дел од податоците на министерство за образование и наука, во учебната 2014/2015 година се пријавиле 17 кандидати на правниот факултет за дисперзираните студии во Тетово, а во следната година се пријавиле тојца кандидати. Во 2017 година се пријавиле 6 кандидати.

На економски факултет, Скопје, за учебната 2014/2015 година ниеден студент не се запишал на дисперзираните студии во Тетово, а 16 студенти се пријавиле на дисперзираните студии во Велес.

На земјоделски факултет – Скопје во последните три учебни години и покрај тоа што постоеле дисперзирани студии на истите немало пријавено кандидати, а конкурсот бил редовно објавуван.

За учебната 2015/2016 година ниту еден студенти не се запишал на дисперзираните студии во Струга, тројца студенти се пријавиле на дисперзираните студии во Кавадарци, а следната студентска година ниту еден студент не се запишал на дисперзираните студии во овие два града./ТВ24

Слични содржини