Ќе се пребројува на неколку места во Косово, победата на Ахмети во Приштина во прашање

од desk4

Победата на кандидатот на Движењето „Самоопределување“, Шпенд Ахмети на вториот круг од локалните избори за Приштина е доведена во прашање, откако надлежните судски институции донесоа одлука за пребројување на гласовите во Приштина, Призрен, Раховец и Драгаш.

Ахмети ја прослави победата во неделата откако според првичните резултати имаше 230 гласа предност пред противкандидатот Арбен Абраши од Демократскиот сојуз на Косово.

Движењето „Самоопределување“ одлуката на ЦИК ја смета за манипулација со волјата на граѓаните и најави максимален надзор при пребројувањето. Партијата е убедена дека победата повторно ќе биде нивна.

Слични содржини