Ќерките на Лиза Мари Присли вмешани во педофилски скандал

од Vladimir Zorba

Внуките близначки на Елвис Присли беа одземени од нивните родители од загрижените социјални работници, откако нивната мајка Лиза Мари открила вознемирувачки фотографии и видео клипови на деца на компјутерот на нивниот татко.

Весник Daily Mail пишува дека 8-годишните девојчиња Финли и Харпер Локуд сега се под заштита на Министерството за децата и семејството во Калифорнија и дури во Март месец ќе се утврди нивната иднина.

49-годишната Лиза нашла непристојни кадри во компјутерот на четвртиот сопруг Мајкл Локуд и веднаш поднела барање за развод. Таа напиша во неа: “Бев потресена и директно ми се слоши.”

Шокантните тврдења на ќерката на Елвис се поддржани од Анексите кон судските документи за развод, како компјутерот е земен од дома на нејзниот сопруг во Беверли Хилс и експертите се уште ѓи анализираат материјалите.

Слични содржини