Кежаровски празникот им го посвети на колегите – пред три години беше спречен новинарскиот бунт

од Vladimir Zorba

a81-1

Новинарот Томислав Кежаровски, денот на ВМРО им го посвети на колегите, кои пред три години, пред Музејот на македонската државност одржаа протест против неговата 4,5 годишна казна затвор. Но, тој револуционерен бунт на македонските новинари беше спречен од страна на полицијата. Кежаровски во знак на благодарност до неговите колеги што го поддржаа денеска пред Музејот спушти цвет и се потсети на моментите на неговот апсење, како и поминатото време минато во притвор, информира Актуелно.мк.

Тој вели дека, неговата борба за слобода на новинарството никогаш нема да престане.

Кежаровски беше уапсен со образложение дека го открил идентитетот на заштитен сведок во случај за нарачано убиство. Тој велеше дека бил колатерална штета за да се сокрие лажното сведочење од подметнат сведок од полициски структури. Тој  беше осуден на 4 и пол години казна затвор за текст објавен во 2008 година во списанието „Репортер 92“.

Слични содржини