Се појавија еден куп неточни и неаргументирани напади против менаџментот на Телма, за наводно отпуштање на 12 новинари од телевизијата, на кои ми беше под чест да одговарам.

atanas_kirovski

Точно е дека се врши систематизација и дека се укинати 12 позиции, но тоа не значи дека се поделени 12 откази на луѓе ! Тоа се тенденциозни и злонамерни шпекулации и невистини. Иако немаме законска обврска да разговараме со независниот синдикат околу ситематизацијата и рационализацијата, го правиме и тоа, и бараме чаре за секој човек ! Но, некои луѓе и навистина ќе мора да си заминат. Сакам да се знае дека нема таков на кој не му се дадени повеќе од две шанси, и молењето некои луѓе да си ја заработуваат платата трае 20 месеци ! За тоа се свесни и луѓето од синдикатот кои ми дадоа целосно за право. Инаку апсурдот е во тоа што повеќето портали кои прават линч врз Телма, ни оддалеку не ги имаат регулирано односите со вработените како во Телма, а нивните плати или хонорари ( во Телма инаку нема новинари хонорарци, сите се вработени ! ) се барем 3 пати пониски отколку на новинарите во Телма. Врв на лицемерието!

Aтанас Кировски
фејсбук статус

Слични содржини