Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, денеска пристигна во Скопје.

Коѕиас ќе се сретне со целиот државен врв, но и со опозицијата, а главни теми се очекува да бидат мерките за градење доверба, како и сите теми од билатерален интерес, спорот за името и интензивирање на соработката.

kozias

Еднодневната посета почна со средба со неговиот колега Никола Попоски во Министерството за надворешни работи, по што се предвидени изјави за медиумите. По Попоски, Коѕиас ќе се сретне со вицепремиерот Фатмир Бесими, кој беше во посета на Атина пред две недели. Трет на списокот за средби ќе биде премиерот Никола Груевски.

Грчкиот министер ќе биде примен и од претседателот Ѓорѓе Иванов, а во текот на денот ќе има и работен ручек со Попоски.

Посетата на Скопје, Коѕиас ќе ја заврши со средби со лидерите на политичките партии, односно средба со првиот човек на СДСМ, Зоран Заев, со претседателот на ДПА, Мендух Тачи, и со претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

При посетата на Коѕиас се очекува да се објават мерките за градење доверба за кои двете страни дискутираат и преговараат неколку месеци.

МЕТА

Слични содржини