Професорскииот Пленум треба да престане да биде наивен и да очекува дека процесот на преговори за новиот закон ќе може да се одвива како во сказна, или овие власти да прифатат целосно нов концепт на закон кој претходно го закопаа.

frckoski

Затоа е опасно да ги бутка студентите заедно со себе целосно и без отстапка во процесот на преговарање по секоја цена, а потоа да се шокира кога ќе добие на јавна сцена ваква интерпретација за тоа како властите го замислуваат тоа преговарање.

Затоа е важно ЕДИНСТВЕНО СТУДЕНТСКИОТ пленум и Професорскиот пленум да направат закон и тие да бидат оние кои ќе преговараат. МОН да биде трансмитерот на тој и таков закон.

Ако нема такви услови основна ќе остане само борбата на студентите од Студентскиот пленум без која се ќе биде попусто и ќе се соочиме со уште едно разочарување.

Поздрав Пленумци!

Љубомир Данаилов Фрчкоски

Слични содржини