Курдите во Сирија: Преминуваме на герилска војна, ќе бидеме кошмар за Турција

од desk2

Сириско-курдски функционер Орман Шеик Иса вели дека судирот со Турција во сириската енклава Африн влегол во нова фаза, односно ќе преминат на герилска војна.

Турската окупација ќе се промени од директна окупација до герилска војна со „удри и бегај“ тактика, додека Африн не се осолободи, порача Исда.

„Нашата војска ќе биде нивни постојан кошмар“, рече денеска Иса на конференција за печат, пренесе АП.

Турција пак, денеска соопшти дека влегле во градот Африн, речиси два месеци откако почна офанзивата на истоимената енклава. Десетици илјади луќе побегнаа од турските напади.

И мнозинството на борците на курдските Единици за заштита на народот се повлекоа.

Слични содржини