Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека прекинот на огнот договорен меѓу проруските и украинските сили во Источна Украина, речиси во целост се почитува со исклучок на стратешкиот град Дебалцево.

– Примирјето се надгледува долж, птрактично, целата линија на фронтот и во неколкиу региони постои подготвеност за повлекување на тешкото вооружување – полицијата така јавно соопшти. Исклучок е Дебалцево, посочи Лавров.

Тој наведе дека Москва е загрижена поради ситуацијата во Дебалцево и повика да запрат сите обиди за кршење на договорот за прекин на огнот.

– Ситуацијата може да се олесни само со престанок на користење на оружјето во обид да се смени статус кво-то од 15 февруари, посочи Лавров

Слични содржини