ЛДП бара поништување на Договорот за новиот клинички центар

од Vladimir Zorba

 

ЛДП бара институциите да го поништат Договорот за новиот клинички центар потпишан денеска, зашто со него, смета, се прекршени Уставот и законите.

– Договорот, скандалозен и бескруполозен, е преседан во секој поглед, класично беззаконие и нова линија на поделба, зашто го потпиша лице кое не е ништо друго освен пратеник во новиот собраниски состав, наведува ЛДП.

Партијата прашува во кое својство Никола Тодоров потпишува милионски договори со поддршка на техничка влада која, како што стои во соопштението, нема друга функција, освен организирање избори.

Според ЛДП, и компаниите потписници на Договорот треба да знаат дека оваа техничка влада ниту имала, ниту има легитимитет да потпишува проекти. – Се работи за изградба на клинички центар кој е од голем национален интерес. Затоа, уште еднаш категорично повикуваме на поништување на овој Договор, се додека Република Македонија не формира нова легитимна влада, додава ЛДП

Слични содржини