Лидерите од “нормандската четворка” разговараа по телефон за комплекс мерки за мирно решавање на конфликтот во Југоисточна Украина, пренесоа агенциите, повикувајќи се на изјава на прес-службата на Кремљ.

Претседателите на Русија, Украина и Франција, Владимир Путин, Петро Порошенко и Франсоа Оланд, како и канцеларката на Германија Ангела Меркел, разговарале поконкретно за “прашања кои се однесуваат на режимот на прекин на огнот, повлекувањето на тешките оружја од страните во конфликтот, а исто така и ситуацијата во реонот на градот Дебалцево “.

Четворицата лидери исто така размениле мислења за улогата на набљудувачката мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Порошенко, Меркел и Оланд одржаа одделни телефонски разговори, на кои изразија загриженост од тековните борби во реонот на Дебалцево, забележува ТАСС. Тие освен тоа се изјаснија за обезбедување на слободен пристап на набљудувачите од ОБСЕ во зоната на конфликтот.

Слични содржини