Лидерка на австралиската десница облече бурка во Сенатот, побара да ја забранат

од desk2

Лидерот на австралиската екстремно десничарска партија „Една нација“(One Nation), сенаторката Полин Хансон, во текот на седницата на на националниот Сенат облече и носеше бурка, јави британскиот јавен сервис Би-Би-Си.

Таа тоа го сторила со желба да покаже дека носењето таква облека, како верско обележје, носи безбедносни ризици и дека треба да биде забрането.

Државниот обвинител и министер во австралиската Влада, Џорџ Брендис, го осуди ваквиот потег на Хансен, упатувајќи и „совет и предупредување“ дека со тоа ги навредува верските групи.

Неговиот коментар, како што наведе Би-Би-Си, наиде на аплауз од опозицијата.
-Не, сенаторке Хансон, нема да ја забраниме бурката, додаде Брендис.
Сенаторката Хансон во соопштение наведе дека „потребата од забрана на целосното покривање на лицето во јавноста е важно прашање со кое е соочена модерна Австралија“.

За нејзиното залагање да се забрани носењето бурка денеска попладне ќе се расправа во Сенатот.

Слични содржини