Локализиран пожарот во Градежниот факултет, нема повредени

од desk2

Пожарот што утринава избувна во простории на Градежниот факултет нa булеварот „Партизански одреди“ во Скопје е локализиран, а во него нема повредени.

Пожарникарите сè уште се на терен и работат на негово целосно гасење.

Во пожарот нема повредени лица, а засега не се познати ниту причините за негово настанување.

Во гасење на пожарот учествуваат 12 противпожарни возила и 26 пожарникари. Тесните улички и паркираните возила зад факултетот им ја отежнуваат работата на пожарникарите.

Според првичните информации на Ѕвонко Томевски, командант на скопската протипожарна бригада опожарени се три простории на факултетот.

На местото се и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и министерката за образование Рената Треневска Дескоска.

Слични содржини