Мадрид му даде отказ на регионалниот шеф на полицијата на Каталонија

од desk2

Мадрид во сабота го отпушти шефот на Каталонската регионална полиција, еден ден по прогласувањето независност на регионот, а откако Шпанија ја презеде власта.

Отпуштањето на Жосеп Луис Траперо, највисокорангираниот полицаец цо Каталонија, е објавено во службен весник на Шпанија, со што се продлабочува кризата на политички план.

На местото на Траперо е поставен министерот за внатрешни работи, од кој се очекува да ги намали тензиите и да спречи ескалација на состојбите.

Слични содржини