Граѓаните на Република Македонија  и сите МАкдонци надвор од границите, во дијапсората денеска го прославуваат националниот празник Илинден.

илинден

 Овој датум , Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот народ заради тоа што на 2 август започнало Илинденското востание во 1903 година, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ.

На денешен ден во 1903 г. почна Илинденското востание на македонскиот народ против османлиската власт, што се смета за еден од најзначајните настани во нашата историја. За време на востанието се водеа битки кај селото Смилево, Демирхисарско, на Слива и на Мечкин Камен, Крушевско, кај Карабуница, Кичевско, кај селото Арменско, Леринско, Чаништа, Мариовско, како и во месноста Рашанец – Охридско, каде се водела една од најкрвавите илинденски битки.

По овој повод државниот врв на местата каде главно има сенародни собири и се празнува Илинден. Претседателот , Ѓорге Иванов ќе присуствува на одбележувањето на државниот празник Илинден во Крушево.Премиерот Никола Груевски во 11.00 часот ќе положи свежо цвеќе на споменикот на АСНОМ во парк „Жена Борец“ во Скопје, потоа ќе положи цвеќе на споменикот на Никола Карев пред зградата на Собранието, а на крај ќе положи цвеќе и на споменикот на Методија Андонов-Ченто на плоштадот „Македонија“.

Претседаелот на СДСМ Зоран Заев ќе ќе оддаде почит и ќе положи цвеќе на споменикот на АСНОМ,во Меморијалниот центар во Пелинце, додека потпретседателката на партијата Радмила Шекеринска ќе присуствува на церемонијата во Крушево

Слични содржини