Салцбуршкиот форум во Будимпешта, посветен  на нелегалната миграција, миграцискиот притисок и актуелната ситуација долж Западнобалканската рута.

  Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе се обрати на конференцијата на министри за внатрешни работи во рамки на Салцбуршкиот форум во Будимпешта, посветена на нелегалната миграција, миграцискиот притисок и актуелната ситуација долж Западнобалканската рута.

Како што соопшти МВР, Спасовски треба да оствари и неколку билатерални средби.

Министерот Спасовски вчера на маргините на конференцијата, се сретнал со Андреј Шпенга, државен секретар во Министерството за внатрешни работи на Словенија, со кого разговарале за актуелните случувања во врска со нелегалната миграција и ризиците од евентуални нови бранови мигранти.

Двајцата разговарале и за реформата на безбедносните служби и полицијата во Република Македонија, која, се наведува, ќе води кон декриминализација и професионализација на МВР.

Шпенга потенцирал дека Република Словенија останува силен поддржувач на Република Македонија за членство во Европската унија и НАТО, се наведува во соопштението.

Слични содржини