Манчевски: Ќе направиме се што е потребно и ќе ја стабилизираме државата!

од Vladimir Zorba

Одговори на новинарски прашања,  на прес конференција на  Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ

 

П1: Господине Манчевки, претседателот на Сoбранието, Џафери рече дека пратениците треба да се занимаваат со локалните избори. Има ли пратеничката група на СДСМ, план или намера да почне со решавање на ова прашање а исто така претседателот на ДУИ рече дека требало лидерите на партиите да се состанат околу ова.

Итен приоритет е добивањето на мандатот за состав на нова влада на претседателот Зоран Заев. Создавањето на овој предуслов ќе биде клучен за одблокирување на сите процеси во државата, и впрочем и не е така едноставно, лидерите можат да се состанат, но процесите се водат во институциите, во Собранието треба да се формираат тела, комисии, законодавно –правна комисија, минимум, којашто треба да ги подготви овие законски измени. Министерството за правда треба да даде мислење за овие законски измени, се работи за продолжување на мандат на локалните власти и апсолутно е потребен консензус на сите политички партии за ова прашање. Парламентарното мнозинство согласно на духот на којшто и ќе ја применува новата власт, апсолутно ќе води дијалог со новата опозиција за сите клучни прашања за државата.

П2: Иванов побара гаранции, дали ќе има гаранции, и дали претходно ќе има средба помеѓу Иванов и Заев?

Јавноста, граѓаните, Иванов, сите добро, многу добро ги знаат гаранциите на новото парламентарно мнозинство и унитарноста на државата, и всушност, унитарноста и никогаш не беше загрозена, и тој многу добро го знае тоа. Веднаш кога ќе се создадат условите, час поскоро, повторно, она што веќе го имаме декларирано во програма новата Влада, ќе го повториме и на г-динот Иванов, но навистина крајно време е да го почитува Уставот и веднаш без да чека да го даде мандатот за состав на влада на г-динот Зоран Заев.

П3: Дали секако вие би пошле први да му гарантирате унитарност, за да го даде мандатот, бидејќи го стави како услов?

Се што треба ќе направиме, за конечно да ја стабилизираме државата. Како што и претседателот Заев кажа, не пати од его, и апсолутно, кој, каде и кој прв ќе отиде не е важно, важно е конечно да се заврши работата, но најважно на крајот од денот е конечно Иванов да го испочитува Уставот и да го даде мандатот за состав на нова влада.

П4: Може да очекуваме денес, утре?

Секој ден.

П5: Во однос на гаранциите, можеме да очекуваме денеска до крајот на денот СДСМ да ги однесе гаранциите?

Искрено, не верувам дека тоа баш денеска, но секој ден, значи во текот на следните денови, утре, веднаш штом ќе се создадат условите за тоа. Не сè зависи од нас.

 

П6: Дали сте во комуникација со пратениците, од сега веќе опозицијата, за да се реши проблемот токму околу локалните избори?

Цело време, апелиравме и апелираме, во Собранието, јавноста, било каде што имавме можност да се сретнеме, дека она што го правеа месеци, наназад, блокадата на Собранието и демократските процеси, мирниот трансфер на власта, дека ќе не доведе во оваа ситуација, и еве сме денес, или ќе бидеме во понеделник во таква ситуација. Но за да се биде чисто, законски, за да можеме реално да направиме функционални институции и да ги закажеме изборите, мора да имаме функционално Собрание и  функционална Влада. Значи, затоа повторно ќе го повторам апелот, Иванов веднаш да го додели мандатот за состав на новата Влада, за да можеме и веднаш да ги одблокираме и овие, и сите други закочени процеси.

П7: Што ако Иванов не го додели мандатот, дали сепак мнозинството ќе одлучи да формира Влада без мандат?

Кога ќе дојде време и ако тоа се случи, јавноста соодветно ќе биде информирана. Апсолутно сме свесни дека и таква опција веројатно, постои.

 

 

Слични содржини